Красјук: Фјури сака толку пари од Усик за да купи фудбалски клуб

Шансите за борба за одредување на неприкосновениот светски шампион во тешка категорија од ден на ден се сè помали. Агентот на Aлександaр Усик – Александар Красjук, изјави за ИД Бокс дека Тајсон Фјури очекува да заработи доволно пари од мечот за да купи цел фудбалски клуб.

„Мислам дека дури и да му понудиме поделба 90-10, тој ќе одбие. Веројатно сака да купи фудбалски клуб, па му требаат пари“, изјави Красјук за изданието.

Агентот смета дека тој и неговиот тим првично инсистирале на 50-50 од приходите што ќе ги генерира овој мега-судир. Френк Лорен – британскиот импресарио, сепак, неколку пати и на јавен простор изјави дека „Џипси Кинг“ треба да го добие „Лавовскиот дел од колачот“. Усик потоа се согласи на 60-40 во корист на противникот, но и оваа понуда беше одбиена.

Една од причините за финансиската расправија е тоа што мечот мораше да се пресели од Саудиска Арабија во Англија. Ова сериозно ги намали загарантираните парични награди и ги доведе двајцата боксери во ситуација да мораат да се потпрат главно на продажбата на ППГ и билетите за арената.

„Обично кога борецот не сака да се бори, тој создава невозможни услови. Тогаш сè пропаѓа. Од моето искуство во последните 20 години во боксот, го научив токму ова“, изјави и Алекс Красјук за Тајсон Фјури.

Последен пат имавме неприкосновен светски шампион во тешка категорија во 2000 година кога Ленокс Луис ги имаше појасите на ВБА, ВБО и ИБФ. Денес, сепак, важни титули се ИБО и ВБЦ, што дополнително ја отежнува можноста да се види носител на сите пет појаси во исто време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО