Генади Головкин ја ослободи ВБА титулата

Казахстанскиот боксер Генади Головкин се откажа од титулата на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во средна категорија. Ова го соопшти прес-службата на ВБА.

„Казахстанецот Генади Головкин официјално се откажа од титулата светски шампион и нема да учествува во задолжителна борба определана од ВБА. Во моментов има само еден шампион на ВБА во средна категорија, а тоа е Кубанецот Ерисланди Лара“, се вели во соопштението на организацијата.

ГГГ доби наредба од ВБА за појасот да се бори со Ерисланди Лара, но во исто време ИБФ му нареди да ја брани титулата против првиот предизвикувач, Ескива Фалкао од Бразил. Така, Головкин мораше да ослободи една од двете титули, бидејќи не можеше да ги задоволи двете организации.

Потсетуваме дека во последна средба 40-годишниот Казахстанец беше поразен од Канело Алварез во борба за апсолутна титула во суперсредна категорија. ГГГ во целата кариера има 42 победи од 45 натпревари, а кошмар му е токму Алварез против кого има едно реми и 2 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО