Ковингтон: Џон Џонс не може да биде најголем, имаше проблеми со допингот и со законот

Многумина го сметаат Џон Џонс за најголемиот борец во историјата на ММА, но има и такви кои не се согласуваат со таа изјава, еден од нив е Колби Ковингтон.

Хаос смета дека Боунс не може да биде најголем, бидејќи во текот на кариерата паднал на допинг тестовите и имал проблеми со законот.

„Неколку пати беше позитивен на стероиди, па како може да биде чист борец? Џонс не може да биде најголемиот борец на сите времиња кога паднал на допинг тестовите и толку пати го прекршил законот. Најдобар борец за мене е оној кој е најдобар во октагонот и надвор од него“, изјави Колби Ковингтон и додаде:

„А борецот кој особено би го издвоил е Чаел Сонен. Доаѓа од истото место како мене – „Орегон борење“. Таму се случија многу позитивни работи. Ни требаат уште такви лица и борци. Беше одличен и во и надвор од октагонот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО