На Државното првенство во Кочани се одлучува шампионот на Македонија во борење

Во недела Кочани, односно БК Спартак, е домаќин на Државното првенство во борење за сениори и сениорки.

Првенството ќе се одржи во салата на ООУ „Никола Карев“ со почеток во 11 часот.

Државниот шампионат е од големо значење, бидејќи директно ќе реши кој е шампион на Македонија, па затоа се очекува екипите на душекот да излезат со најдобрите борачи. Балканец и Лирија се најсеириозните кандидати за титулата, но Бучим и Вардар ќе се обидат да им ги расипат сметките, а домаќинот Спартак ќе дејствува од позадина.

Љубителите на борењето во Кочани ќе можат да ги видат Столе Ефтимов, Владимир Егоров, Расул Шапиев, Могамедгаџи Нуров, Дејан Митров, Бесир Алили, Фати Вејсели, Аид Салихаси, Адам Модосијан, Бехар Мамути, Марко Андонов, Александар Стојанов, Иван Јанев, Реџеп Хајдари и други.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО