Еди Херн: Му испратиме понуда на Вајт за борба со Џошуа

Промотeрот Еди Херн (Мечрум бокс) потврди за ББЦ спорт дека му понудил на Дилиен Вајт реванш со Ентони Џошуа на 12 август во Велика Британија.

Џошуа го победи Вајт во 2015 година во 7. рунда. Оттогаш, Дилиен бара реванш со страшен интензитет и според Херн и двајцата борци сакаат борба, иако Еј Џеј е блиску до договор да се соочи со Дионтеј Вајлдер во Саудиска Арабија во декември. Сепак, неговиот тим сака и интермедијарен меч.

„Нашиот план е Ентони да се бори на 12 август и во декември против Вајлдер“, рече Херн. „Понудата му беше дадена на Дилиен викендов. Го чекаме неговиот одговор и ќе зборуваме денеска. Ова е голема борба меѓу две големи текашки имиња од светска класа. Преговорите ќе бидат тешки, но и Еј Џеј и Вајт сакаат борба“, додаде тој.

Вајт (36) ја загуби својата единствена борба за светска титула од Британецот Тајсон Фјури во 2022 година.

Херн додаде дека сè уште е многу заинтересиран за борбата од соништата меѓу Џошуа и Фјури: „Ако не можеме да се бориме со Вајт и Вајлдер, тогаш ќе видиме што ќе се случи со Тајсон“, рече исто така промоторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО