Костовска шампионски на Кроација опен, Ќосовиќ втор и уште 5 медали за нашите каратисти

Veronika grize medal

Вероника Костовска од КК Кеикс  потсети зошто е европски шампион на Кроација опен 2016 во Ријека. Таа на импресивен начин во категоријата до 59 килограми го освои првото место во јуниорска конкуренција.

Костовски ги совлада Алис Маинарди од Италија, Нашка Кунен – Холандија, Рамона Кадар – Унгарија, Петра Пичова – Словачка и во финалето Евелин Холо од Унгарија.

И Семир Ќосовиќ (+84 кг) од Металург во У-21 ги покажа своите квалитети освојувајќи го сребрениот медал. Во финалето загуби од Филип Барач од Хрватска. До Финалето Ќосовиќ го совлада Масимо Бачилега од Италија. Сара Крстевска (-61 кг) од Металург во оваа конкуренција е трета.

Давид Петков (-60 кг) во У-21 го освои бронзениот медал со три победи и пораз во полуфиналето, а во борбата за бронзениот медал го совлада Даниел Хибнер од Унгарија.

Роберто Ацковски (-68 кг) и Фаик Весели (-61 кг) – Олимпик Спорт ги освоија бронзените во јунорска конкуренција.

Во конкуренција за деца (6-7 год.) Јелда Имери од Форца го освои златниот медал, а Сухејб Весели (10-11 г.) бронзата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО