Злато и бронза за ЏК Дрим на „Борса опен“ во Мостар (ФОТО)

drim-zlaten-medal-na-borsa-2016

ЏК Дрим” освои еден златен и еден бронзен медал на Меѓународниот турнир „Борса опен“ во Мостар, Босна и Херцеговина.

drim-bronzen-medal-na-borsa-2016

Христијан Глигороски со пет победи, сите со ипон, против натпреваруваши од Полска, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Словенија го освои златниот медал.

Андреј Симоноски, кој го освои бронзениот медал, имаше три победи со ипон и еден пораз против натпреварувачи од Белорусија, Србија, БиХ и Црна Гора.

На турнирот настапија 1.200 натпреварувачи од 27 држави над 100 клубови.

drim-na-borsa-kup-so-trenerot

„Пред овие сјајни џудисти претстои прекрасна иднина во џудо спортот. Ова е доказ дека и на најмасовните и најквалитетните натпревари во Европа ЏК Дрим од Струга е меѓу најквалитетните клубови“, велат од клубот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО