АктуелноДомашна сценаКарате
Костовска и Црничиќ ловот на титули го почнаа од кејот на Вардар!
КК Кеикс под водство на поранешниот европски шампион за јуниори Елвир Куртановиќ почна со подготовките за претстојната сезона. На првата прозивка беа европскиот шампион, Вероника Костовска и сениорскиот репрезентативец Дејан Црничиќ, кој се подготвува за Карате 1 Премиер лигата на 5 и 6 септември во Истанбул, Турција.
Тренерот Куртановиќ очекува екипата да се комплетира во текот на викендот, бидејќи во тек се и подготовките за Државното карате првенство на кое очекува успех на неговите натпреварувачи.
ipon.mk/В.Д.




