Мејведер исвиркан на НБА плеј-офот! (ВИДЕО)

Мејведер на Кошарка

Мегаѕвезда на светскиот професионален бокс, Флојд Мејведер, беше исвиркан од кошаркарските навивачи на плеј-оф средбата на НБА меѓу „Голден Стејт“ и „Мемфис“.

Познато е дека Американецот е голем љубител на кошарката и сака да се обложува со милиони долари на натпревари. За време на средбата, тој беше прикажан на големиот екран во салата. Публиката веднаш избувна и го исвирка, која, пак, беше удостоена со насмевка од најбогатиот спортист на планетата.

Пред неколку дена Мејведер забележа последователна победа, откако на поени го победи Мани Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО