Головкин: И јас можам да се борам како Флојд, но тоа е досадно! (ВИДЕО)

Golovkin

Еден од најпопуларните боксери Генади Головкин (Казкстан) се осврна на средбата Флојд Мејведер (САД) и неговиот стил на боксирање.

„Знам дека можам да се борам како Флојд, но тоа е досадно за луѓето – коментира Казакстанецот, кој се уште нема загубено во професионлаци и гази сè пред себе.

– Сакам да правам шоу. Телевизијата ми даде шанса пред две години и јас го искористив тоа“.

Шампионот на Светската боксерска асоцијација во средна категорија се пошегува со прашањето на еден новинар дали е подготвен да се бори со Мејведер.

„Прашајте го Мејведер дали е подготвен да се бори со мене“, рече Головкин, кој има 32 победи (29 со нокаут) од 32 натпревари. Тој вечрва ќе ја брани титулата против Вили Монроу – Јуниор.

Головкин веќе објави дека е подготвен да се симне во суперполусредна категорија , ако Флојд е подготвен да се сретне со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО