Кори Сандхаген го совлада Јадонг Сонг со прекин, Ален Амедовски совладан со ТКО

Американскиот борец Кори Сандхаген го победи Јадонг Сонг со прекин по четвртата рунда на настанот УФЦ Фајт најт 210 во Лас Вегас.

Имено, лекарот не му дозволи на Кинезот да ја продолжи борбата по страшната расекотина на главата што ја доби на почетокот на натпреварот, а која од рунда во рунда изгледаше се полошо и полошо.

Исекотината беше предизвикана од лактот на Кори над левото око, а како изгледаше можете да видите ТУКА.

Сандхаген продолжи да го погодува тоа место во текот на целата борба, што предизвика проблеми за Сонг. Повредата видно се влоши, а лекарот реши да го прекине мечот.

Така, Сандхаген по двата порази (Т.Џ. Дилашоу и Петар Јан) оствари победа, тоа беше негов 15-ти триумф во кариерата и осми во УФЦ.

„Мразам што вака заврши“, рече Кори Сандхаген и додаде:

„Ја заслужи петтата рунда. Но, ја исполнив мојата цел и стигнав до победата“.

Во борбата за титулата, Грегори Родригез го победи Чиди Њокуани со прекин во втората рунда.

Македонскиот борец Ален Амедовски  ја загуби  и четвртата борба во УФЦ, овој пат од Џозеф Пајфер со прекин во првата рунда.

Главните борби на настанот УФЦ Фајт најт 210:
Кори Сандхаген – Сонг Јадонг – ТКО (прекин од лекарот), Р4 (5:00 часот)
Грегори Родригез – Чиди Њокуани – ТКО (удари), Р2 (1:27)
Андре Фили – Бил Алгео – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Џозеф Пајфер – Ален Амедовски – ТКО (удари), Р1 (3:55)
Родриго Насименто – Танер Босер – поделена одлука (30–27, 28–29, 29–28)
Ентони Хернандез – Марк-Андре Барио – тех. завршница (гушење со рачен триаголник), Р3 (1:53)

Воведни борби:
Дејмон Џексон – Пат Сабатини – ТКО (уадри), Р1 (1:09)
Тревин Гилс – Луис Косче – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Лома Лукбунми – Денис Гомез – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Треј Огден – Даниел Зелхубер – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Џилијан Робертсон – Марија Агапова – завршница (гушењеод позади), Р2 (2:19)
Џавид Башарат – Тони Гравели – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Николас Мота – Камерон ВанКамп – ТКО (удари), Р1 (3:49).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО