„Корејскиот Супербој“ го нокаутира ветеранот Таварес од УФЦ

Choo ho

По десет години Тијаго Таварес заврши со УФЦ.

Промоција одлучи да не го продолжи договор бразилскиот ветеран кој во последната битка на ТУФ 23 Финален настан доживеа нокаут во првата рунда од новата ѕвезда во окатагонот, Доо Хо Чои.

32-годишникот дојде во УФЦ во 2007 година со совршен резултат 10-0. Во осумнаесет настапи во фамозниот кафез се во сооднос 10-7-1и се пресметува со имиња како Манвел Гамбурјан, Хабиб Нурмагомедов, Брајан Ортега и Клеј Гвид. Исто така, седум пати е наградуван со бонуси, а во борбата со Хабиб падна на допинг тестот.

БЏЏ црниот појас веќе најде нов дом во бразилската промоција Аспера ФЦ и договори борба на 18 февруари на Аспера ФЦ 49 против од Маурисио Мачадо (17-10).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО