Сепак, Нуњеш призна: Многу ме повреди тоа што ја промовираа само Ронда (ВИДЕО)

Amanda-4

Шампионката на УФЦ во бантам категорија, Аманда Нуњеш, пред два дена јавно и се извини на Ронда Русеј поради лошите и негативни коментари кои и ги испрати по нивната борба на УФЦ 207.

Иако може да се каже дека ароганцијата на Ронда заслужува таков третман, „Лавицата“ во разговор за Фокс спортс објасни зошто и се извини на бившата шампионка.

„Тоа беше вистинската Аманда – потполно почитување. Таа вечер не можев да си помогнам“.

Промоцијата на борбата беше главно ориентирана на враќањето на „Кралицата во женското ММА“ која на УФЦ 207 се врати во октагонот по едногодишната пауза и тешкиот пораз од Холи Холм. Иако Нуњеш вечерта по борбата изјавила дека воопшто не и смета што УФЦ во медиумска смисла практично ја игнорираше, но, сепак, вистината е поинаква.

„Цела таа недела, јас и мојата девојка (Македонката Нина Ансароф) бевме сами против светот. Се се вртеше околу Ронда, а мене ме запоставија. Јас бев шампионка и тоа да се држи во себе беше многу тешко и многу ме повреди“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО