Кличко: Со Фјури ќе има размена на удари и борбата ќе биде зрела! (ВИДЕО)

Klicko -Fjuri

Светскиот шампион во супертешка категорија во верзиите на ИБФ, ВБО, ВБА, ИБО, Владимир Кличко, е убеден дека неговиот претстоен меч со Британецот Тајсон Фјури ќе биде многу спектакуларен и ќе им се допадне на љубителите на боксот.

„Тајсон Фјури е повисок од мене, освен тоа е и многу амбициозен човек. Мислам дека битката со него ќе биде многу спектакуларна, бидејќи тој ќе атакува, за разлика од Џенингс, кој определи за подефанзивна тактика. Со нетрпение ја очекувам битката со Тајсон Фјури“, изјави Владимир.

Потсетуваме дека Тајсон Фјури е задолжителен предезвикувач на ВБО. Средбата со Владимир Кличко може да се одржи во Германија или Англија до крајот на летото или почетокот на есента.

„За мене нема значење каде ќе се сретнеме. Во прашање се преговорите“, додаде уште Кличко.

https://youtu.be/WTYWRk15x6g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО