Владимир Кличко е пред разделба со својата бремена свршеница Хајден Пенетир, пишува американското списание ОК!Магазин.
Според магазинот, боксерската ѕвезда во тешка категорија и актерката имале затегнати односи неколку месеци. Главната причина била однесувањето на Пенетир, кое е како последица на очекувањето на приновата. Двојката очекува ќерка, раѓањето е предвидено за понеделник. Хајден буквално го излудувала Кличко со расположението и обвинувањата кои му ги упатува.
Според близок на двојката, тие се поблизу до разделба отколку до свадба. Кличко не престана да и дава поддршка на Хајден и додека се подготвуваше за мечот со Кубрат Пулев. Тој откри дека неговата прва работа по победата била да и се јави, а веќе следниот ден, за да биде со неа, се качи во авионот во Хамбург и одлета за САД.