Фјури го совладаЧисора и стана предизвикувач на Кличко

66

14Tyson_Fury_right_in_actio

Британскиот боксер, Тајсон Фјури, стана официјален кандидат за светската титула во тешка категорија во верзијата на Светската боксерска организација (ВБЦ/ WBC), која сега е во рацете на Владимир Кличко . Во Лондон тој го победи сонародникот Дерек Чисора во 10 -тата рунда.

 Двајцата одржаа долг натпревар за британската и европската боксерска титула, пред околу 15.000 гледачи . При крајот на 10-тата рунда Чисора не сакаше да ја продолжи борбата. Така, Фјури се здоби со шансата идното лето да се соочи со Кличко.

 Фјури има 23 победи, од кои 17 со нокаут . Чисора го претрпе петтиот пораз по 20 победи, од кои 13 со нокаут .