Ашкилов славеше во Словенија со нокаут

Мите Ашкилов
Мите Ашкилов

 

Мите Ашкилов во категоријата до 81 килограм, воо третото коло на IMTL/WMC интернационалната лига во тајландски бокс, денес во Ново Место (Словенија), извојува победа со КО во првата рунда.
А, Антонио Андев -71 кг не успеа да ја задржи предноста од првата рунда и изгуби на поени. И двајцата се бореа против домашни претставници.
„Мал хендикеп за нашите борци беше тоа што противниците беа од Словенија. Сепак постигнат е спортски успех, мисијата ја водеше најдобриот македонски тренер Ристе Ристов од Радовиш. Во краткиот телефонски разговор со него дознав дека сите се чувствуваат добро и одат заслужено да прослават“, не информираше Горан Карамфилоски-Чак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО