Кличко сака да стави крај на кариерата во Киев

Владимир Кличко е 41-годишен, сосема е нормално Украинецот да размислува и за крајот на професионалната кариера.

Пред него е предизвикот Ентони Џошуа, при што повторно ќе има шанса да стане светски шампион во тешка категорија. Но сосема е јасно дека ова ќе биде еден од последните мечеви на Владимир.

Украинецот изјави дека би сакал последниот меч да го има пред домашната публика на Олимпискиот стадион во Киев кој собира 70.000 луѓе.

„Овој стадион ги опфаќа сите барања за да прифати дуел за титула. Таму беше одиграно финалето на Евро 2012, а со ништо не отстапува од најдобрите стадиони во Германија“, посочи Влад.

„За да се настапи таму, сепак, ќе мора да бидат земени во предвид одредени фактори. Но, лично, признавам дека навистина сакам да боксирам во Киев. Би било симболично мојот последен натпревар да биде токму таму“.

Владимир е надвор акција од 2015 година, кога ги загуби титулите од Тајсон Фјури. Потоа требаше да има реванш меч со Британецот, но проблемите на Фјури ги осуетија овие планови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО