Кличко ги започна подготовките за мечот со Џенингс

Klitschko-Jennings

Светскиот шампион во тешка категорија, во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ, Владимир Кличко, ги започна подготовките за натпреварот против Американецот Брајант Џгенингс, објави електронското издание kp.ua. 

Двајцата боксери треба да се качат во рингот на 25 април во Њујорк.

Кличко замина за САД, каде што ќе се подготвува за натпреварот. По традиција, Украинецот главниот дел од подготовките пред натпреварите ги одржува во Австрија, но овој пат одлучи да ја промени дестинацијата.

 Еден од спаринг-патнерите на Кличко за време на подготовките ќе биде Џозеф Паркер од Нов Зеланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО