КК Македонка ја почна соработката и на меѓународен и на домашен план

Карате клубот Македонка од Штип викендов во Штип ги реализира првите Денови на меѓународна соработка со клубови од Република Бугарија, а во заедничка организација со уште неколку клубови од Скопје.

„Имајќи во предвид дека нашиот спорт неодамна се вброи во големото олимписко семејство, интензивираната соработка и синергија меѓу македонските клубови, кон која се приклучуваат и еминентни спортски работници од соседните држави, е од особена важност за дополнително афирмирање на нашиот спорт. Би сакал да изразам голема благодарност и до главниот тренер на клубот Кеикс, Елвир Куртановиќ, за одличната соработка“, вели тренерот на Македонка, Сашко Патраклиев.

Од клубот потенцираат дека се во преговори со најголемите скопски клубови, за дополнително интензивирање на спортските настани од овој тип.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО