Фаворитите во финалето на Државното првенство во бокс, Чаир изненади

Вчера во Штип се одржаа полуфиналните борби на Државното поединечно првенстов во бокс во сите категории, со учествуво на 22 боксери од повеќе клубови во Македонија.

Во сениорска конкуренција Гоце Јанески од Аперкат и Димитар Ташков од Пинк Пантер лесно ги победија своите противници во категориите до 75, односно 91 килограм. Гоце Јневски го победи Николовски од Тигар, а Ташков Давуд Ренџиќ од Универзалци, кој поради повреда се предаде.

Во друите средби Мите Јорданов од Баргала во категоријата до 91 килограм беше подобар од Владица Петковиќ од Лав Куманово, во категоријата до 75 килограми Алим Насуфи од Чаир беше подобар од Ице Трајковски од Ас,. Додка во категоријата до 64 киограми Денис Муаремовски од Пинк Пантер го совлада Ибраими од Тернипе со 2-1.

Сите ја истакнуваат добрата организација на Државното превнство чиј организатор е БК Баргала која не е видена во последните 10 години, но, од друга страна, има многу забелешки на судењето, односно дека судиските одлуки влијаеле на одредени средби.
Денеска во во 17 часот се финалните борби во салата на ОУ „Тошо Арсов“ во Штип.

Ipon.mk/В.Д.-К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО