Ќерката на Мејведер на суд призна дека е виновна

Иjaна Мејведер на суд призна дека е винoвна, откако и се закануваше 20-годишна казна.

21-годишната ќерка на легендарниот боксер Флојд се изјасни за „виновна“, но нема да избегне ефективна казна.

Таа беше уапсена пред 2 години поради напади со нож. Таа во кујната ја избодела Лапатра Џејкобс со два ножа, по што жртвата била хоспитализирана. И двете имаат деца со раперот НБА Јангбој.

Така, Ијана Мејведер мораше да склучи договор со судот, откако објави дека е свесна за сериозноста на делото.

Според одлуката на првостепениот суд, таај ќе треба да одлежи шест години, но со добро однесување казната може да се намали на две.

Сепак, постои уште една истанца, чие решение е тешко да се предвиди.

Таткото на Ијана, живата боксерска легенда Флојд Мејведер, се враќа во рингот на боксерско шоу на 14 мај.

Тој ќе се соочи со Ден Мур на покривот на луксузен хотел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО