Кевин Тришевски нова надеж на македонското карате во Швајцарија

Младиот македонски каратист Кевин Тришевски кој живее во Базел, Швајцарија, на Првенството на Швајцарската штокан карате до федерација, имаше заблежителен настап освојувајќи сребрен медал во борби (31 кг, У-10)

Тришевски кој настапува за Свис штокан карате-до Базел со закрате се занимава три години и ова му е најголем успех. Но, неговите родители кои се од Кичево истакнуваат дека е вљубеник во каратето и дека сака да напредува.

Кевин паралелно се натпреварува и во борби и во кати.

На ова натпреварување во кати микс тимови беше 9-ти, а во кати поединечно за лаку му избега медало, се пласира на 5-тото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО