Светскиот кикбокс шампион Бобан Илиевски на прием во АМС

Носителот на златниот медал од Светското првенство во кикбокс кое се одржа во Албуфеира, Португалија, Бобан Илиоски денеска на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Илиоски по минатогодишното европско злато со нов извонреден успех на интернационалната сцена кој го издвојува како еден од најдобрите македонски спортисти.

„Не направи горди и беше вистински пример за македонскиот борбен карактер, упорност, спортски инает“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на средбата со Илиоски.

Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски потенцираше дека поддршката која АМС ја обезбедува, ги обврзува федерациите и спортистите на поинтензивна работа, им овозможува учество на сите меѓународни случувања, а тогаш успехот е неминовен.

„Следен чекор на федерацијата е кандидатура за домаќини на едно големо натпреварување“ – дополни Митровски.

На приемот своите импресии ги изнесе златниот од Португалија, најдобриот македонски претставник во Кикбокс, Бобан Илиоски.

Тој истакна дека верувал во успех од самиот почеток и дека одкажувањата од сите задоволства, во комбинација со упорна работа е пресудно за остварување на врвни спортски резултати. Неговите идни планови се поврзани со учество на тренинг камп во Холандија, за кој вели дека е еден од најтешките спаринг тренинг кампови, но тоа е единствен пат до успехот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО