Дејан Мицкоски е избран за спортски директор, а Благоја Гешоски за генерален секретар на Џудо федерацијата на Македонија

Џудо Федерацијата на Македонија соопшти дека по распишаниот конкурс Извршниот одбор со едногласна одлука избрал спортски директор и генерален секретар.

За спортски директор е избран е м-р Дејан Мицкоски, а за генерален секретар, д-р Благоја Гешоски.

„Гешоски е долгогодишен џудист и спортски работник и досега ја извршуваше функцијата потпретседател на Џудо федерацијата. Со новата позиција генерален секретар, а согласно Статутот, ќе биде одговорен да ја организира целокупната работа во Федерацијата и ќе раководи со комисиите.

Мицкоски е долгогодишен џудист и спортски работник, лиценциран џудо тренер и носител  на црн појас 4 сан. Во изминатиот период има извршувано повеќе функции меѓу кои селектор на кадетската џудо репрезентација, член на Дан комисијата и член на стручниот совет при ЏФСМ.

Во рамките на својот ангажман во ЏФСМ има дадено  голем придонес и во организациите на домашните државни првенства, меѓународни турнири, како и балканските првенства и европски купови. Со своето досегашно акумулирано искуство, стручноста и професионалноста треба да одговори на новите предизвици и задачи кои го очекуваат на оваа позиција.

Согласно Статутот и правилниците како спортски директор ќе треба да го предложи составот на селекторите и стручниот совет при ЏФСМ, со чија работа и ќе раководи. Спортскиот дел и секако целта за постигнување повисоки резултати  и издигнување на ЏФСМ на едно повисоко ниво ќе биде главната цел во неговото дејствување“, наведуваат од Џудо федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО