Кевин Ли: Ме отпуштија од УФЦ преку е-пошта

Поранешниот претендент за титулата во лесна категорија, Кевин Ли, е отпуштен од УФЦ преку е-пошта (е-маил). Неодамна стана јасно дека УФЦ одлучи да се раздели со него. Ли помина речиси осум години со нив, но сепак не ја доби почитта во која веруваше.

Кевин забележа 9 победи и 2 порази во УФЦ што го доведе до борба за титулата со Тони Фергусон. Ли го намачи Тони, но загуби со завршница, по што имаше многу слаби настапи. Зборуваше многу, но малку правеше во кафезот.

Кевин до денес има скор 18-7 во ММА и е во серија од 2 последователни порази. Тој победи на само 2 од неговите последни 7 УФЦ борби. Кон крајот на август загуби од Родригез и падна на допинг тест, што доведе до казна од УСАДА.

Во интервју со Ариел Хелвани, Ли за неговото отпуштање рече:

„Дознав за моето отпуштање од УФЦ преку е-пошта. Тоа беше најлошиот дел од сето тоа. Дури и не ми се јавија. Тоа не беше писмо од Дана Вајт или Шон Шелби.

Мислам дека ова е недостаток на почит кон мене. Која беше мојата прва реакција по е-поштата? Бев малку шокиран“.

Кевин веќе има понуда да потпише со организацијата на Хабиб Нурмагомедов со ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО