Жозе Алдо е најголем во перо категорија на УФЦ, Волкановски е четврти

Арон Бронштетер од Спорт нетворк се консултира со фановите на темата за најголем ММА борец на УФЦ во перо категорија. Секој фан има свое мислење за оваа тема. Честопати Дана Вајт исфрла и именувана некој борец како најголем откако ќе направи неколку одбрана на титулата.

Над 20.000 луѓе учествуваа во анкетата на Бронштетер, а најмногу гласови собра легендата Жозе Алдо. Тој го освои првото место со 35,3% од гласовите на навивачите. На второто место се најде поранешниот шампион Макс Холовеј со 32,6% од гласовите.

Интересно, Конор Мек Грегор доби 20,8 отсто од гласовите, а актуелниот шампион Александар Волкановски беше на последното место со само 11,2 отсто од гласовите.

Фановите вака ги рангираа најдобрите во историјата на УФЦ во перо категорија:

Жозе Алдо – 35,3%

Макс Холовеј – 32,6%

Конор Мек Грегор – 20,8%

Александар Волкановски 11,2%

Друг интересен факт е дека Жозе Алдо ги загуби битките од Холовеј, Мек Грегор и Волкановски. Алдо успеа да ја одбрани титулата 9 пати по ред. Холовеј трипати ја бранеше, а Мек Грегор не ја ни одбрани. Волкановски, пак, досега има 2 одбрани титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО