КБК Горила најдобар клуб на Балканот!

 Горила во бугарија

Кикбоксерите на „Горила“ од Скопје освоија четрири златни медали на Балканското клупско првенство во Благоевград, Бугарија.Горила победници во Бугарија

Дејан Станковски во К-1, Душан Цимев и Филип Силјановски во лоу кик и Дамјан Здравковски во кик лајт се носители на златните медали.

КБК Горила го доби големиот пехар за најдобар клуб на првенството, додека тренерот на клубот, Иле Ристески, е прогласен за најдобар тренер.

Горила победници 2 бугаИнаку, Ристески беше почесен гостин на Балканското првенство, затао што од страна на организаторот е поканет како најуспешен кикбоксер во историјата на Македонија.

На Балканското клупско првенство учествуваа 24 клубови од Бугарија, Србија, Грција и Македонија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО