Аперкат и Шкендија на „Пранвера 2015“, околу Јанески се кршеа одлуките!

Апекат во Печ -Гоце јанески

Боксерски клуб Аперкат од Скопје трета недела по ред настапува на турнири во регионот, така вчера беа во Пеќ-Косово на „Пранвера 2015“ во организација на Боксерската федерација на Косово. Покрај БК Аперкат, на турнирот учествуваше и БК Шкендија од Тетово.

Јасмин Мифтар во јуниорска конкуренција се сретна со многу поискусниот Едмонд Зефи, кој е носител на медал од Европско првенство. Младиот Јасмин ги одработи трите рунди, но загуби на поени, при што се стекна со многу големо искуство.

Лјузим Исмаили – Ерос Рамадани – БК Косово во јуниорска конкуренција до 64 кг. Гоце Јанески се сретна со Валдрин Елезај- БК Беса кој е четирикратен првак на Косово во 75 кг. Домашниот боксер незаслужено победи, со одлука на судиите, но жирито на турнирот ја исправи грешката и Јанески беше прогласен за најборбен боксер.

Исто така Лјузим Бајрами од БК Шкендија -Тетово се сретна со Адри Делјан од БК Беса- Косово во јуниорска конкуренција и истиот загуби во втората рунда. Додека Александар Ѓоргиевски од БК Аперкат се сретна со домашниот боксер од БК Беса-Косово, Пирро Оини, во сениорска конкуренција до 91 кг. Исто така Александар загуби на поени,а домашниот боксер беше прогласен за најдобар техничар на турнирот.

Овој турнир беше огромно искуство за македонските боксери со надеж за понатамошни успеси.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО