Карлос Такам го победи Фабијо Малдонадо

Карлос Такам (38-5-1, 28 КО) ја забележа третата победа од поразот со прекин од Ентони Џошуа и Дерек Чисора.

39-годишниот Камерунец во Хантингтон во државата Њујорк со едногласна одлука по 10 рунди го совлада Фабио Малдонадо (26-4, 25 КО) – 110-89, 100-89, 100-90.

Иако Такам ги доби сите рунди, сепак не успеа да го заврши поранешниот УФЦ борец. 39-годишниот Бразилец треба за две недели да се настапи во ММА меч на настанот Сербиан бател чемпионшип во Врбас.

Такам требаше да биде противник на Александар Усик за неговото деби во тешка категорија, но остана без меч откако Украинецот се повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО