Маслобојев му ја скрши вилицата на К-1 шампионот во тешка категорија (ВИДЕО)

Сергеј Маслобојев докажа дека е подготвен да се бори за шампионска титула на Глори во полутешка категорија.

Во вториот настап за најсилната кикбокс промоција 32-годишниот Литванец во Утрехт во првата рунда го нокаутира актуелниот К-1 шампион до 100 килограми Роел Манарт во првото коло.

Маслобојев му ја скрши челуста на Холанѓанецот со десно кроше по нешто помалку од минута ипол борба. Манарт по тешкиот удар заврши на подот. Некако успеа да одговори на броењето, сигнализирајќи на аголот дека е повреден, но наскоро повторно заврши на подот и не можеше да продолжи.

Неговиот татко и тренер Андре Манарт објавија дека Роел веднаш бил опериран и операцијата поминала добро.

Актуелниот шампион на Глори во категоријата 95 килограми е Артем Вахитов, но Русинот постојано има проблеми со повреда и во 2017 и 2018 година се бореше само по еднаш, а во меѓувреме, шампионот во средна категорија Алекс Переира ја освои и привремената титула во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО