Таткото на Фјури: Џошуа би плакал по 4-тата рунда. Радо би се пензионирал отколку да се бори со Тајсон

Таткото на Тајсон Фјури не очекува дека неговиот син наскоро ќе се бори против Ентони Џошуа.

Штом Фјури го победи Дионтеј Вајлдер во реваншот во Вегас, промотерот на Џошуа, Еди Херн, упорно тргна во наговарање на Тајсон да се откаже од трета борба со Вајлдер и да се бори со ЕЏ за неоспорен шампион во тешка категорија.

Но, Вајлдер се одлучи за трета борба со Фјури, а Џон Фјури верува дека Џошуа и овака и онака, всушност, не сака да се бори со неговиот син.

„Тие не се на исто ниво. Знаете, како што вонземјаните се со години пред нас во однос на умот“, рече Џон Фјури за телевизијата ИФЛ.

„Толку е многу мојот син пред Џошуа во однос на способноста. Тој не го може тоа, има спори нозе. Сепак, има брзи раце, прави 1-2 леви крошеа, а брадата му штрчи во воздухот”.

„Го видовте, останува без здив во истиот момент кога ќе најде под притисок. Тајсон ќе направи и повеќе од тоа. Ќе плаче по четири рунди. Не мислам дека ќе ја видите таа борба, затоа што тој премногу се плаши. Радо ќе се пензионира отколку да се бори со Тајсон. „Карлот на Ромите“ ќе го прати во пензија и пред да се бори со него“.

„Тој нема ништо со што може да го победи. Не му требаат пари. Тој е трилионер. Не му треба. Зошто да ја извалка својата оставнина, дозволувајќи на големото цигаре да го изгасне? Тоа е крај на приказната“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО