Три златни и еден сребрен медал за Прокик фемили на Гранд при Босна и Херцеговина

Кик бокс клубот Прокик-фемили од Скопје имаше учинок четири од четири На меѓународниот турнир „Гранд при Босна и Херцеговина“ во Сараево, четирмината кикбоксери освоија четири медали 3 златни и 1 сребрен.

Медалите ги освоија:

  1. Стефан Михајловски – кик лајт ;  + 94 кг  сениори –  златен медал
  2. Марио Цветаноски – K1 ; – 63,5 кг сениори – златен медал
  3. Дамјан Стојчевски – кик лајт ;  -47 кг постар кадет – златен медал
  4. Димитар Атанасовски – кик лајт ; -84 кг сениори – сребрен медал

„Одлични борби со висока кондициона подготвеност и развиена кик бокс техника беше карактеристика на нашите претставници на турнирот. Задоволни сме од постигнатите резултати, а, пред се, благодарни за добиеното искуство на ваков турнир на кој земаа учество околу 600 борци“, велат од Прокик фемили.

Резултати:

Кик лајт  + 94 кг сениори

Стефан Михајловски – Амар Авдовиќ (Босна и Херцеговина)   2-1

Стефан Михајловски – Фуад Шањта (Босна и Херцеговина)  3-0

Кик лајт -84 кг сениори

Димитар Атанасовски – Елвир Кадриќ (Босна и Херцеговина)  3-0

Димитар Атанасовски –Мурадиф Дероњиќ (Босна и Херцеговина)   3-0

Димитар Атанасовски – Лука Раиќ (Босна и Херцеговина) 0-3

Кик лајт – 47 кг постари кадети – почетници

Дамјан Стојчевски –Бараа Фарес (Босна и Херцеговина) 3-0

Дамјан Стојчевски – Стефан Гргуревиќ (Црна Гора) 3-0

К-1 – 63,5 кг сениори

Марио Цветкоски – Томислав Вукмановиќ (Босна и  Херцеговина) 3-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО