Каратистите во Истанбул на Карате 1 Премиер лигата!

karate pat do istanbul

Утре почнува вториот дел од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, па по застојот поради Европските игри во Баку каратистите повторно излегуваат на татамито. Повеќе наши клубови ги пријавија каратистите за Премиер лигата, така во Истанбул ќе биде присутен носителот на бронзениот медал од ЕИ, Емил Павлов од КК Штип, но поради повреда на Игрите нема да патува и вториот освојувач на бронзениот медал Мартин Несторовски.

Конкуренцијата е исклучително силна, бидејќи поголем број на шампиони ќе бидат присутни во Истанбул.

На овој турнир Пуликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоски од Ронин-Прилеп, тие ќе настапат и како ката тим; Румена Балшевска, Адил Мехмед, Иво Цветковски, Азис Исмаил, Емир Ќосовиќ, Виктор Крстевски и Семир Ќосовиќ –Металург; Фери Исиќ (кати и борби), Мартин Ристовски-Вардар; Шабан Муртиши-Дрини; Ненад Келебиќ и Енес Смаилагиќ-Цветан Димов; Тодор Ристевски-Спорт 94; Жарко Арсовски-Макпетрол; Берат Јакупи-Асиарт, Сашко Патраклиев-Македонка.

Екипата на Вардар ќе настапи во кати екипно (Исиќ, Ристовски и Станоев).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО