Заборски: Макпетрол ќе настапи без психолошки притисок во Премиер лигата

makpetroll mesan tim

По паузата која настана поради Европските игри каратистите на Макпетрол тргнаа во нови предизвици во Карате 1 Премиер лигата овој викенд во Истанбул, Турција. Боите на Макпетрол ќе ги бранат Симона Заборска, Моника Стефановска, Ана Марија Несторовска, Симон Антиќ, Томе Тодоровски, Дејан Павлов.

Женскиот тим бронзен медал за Македонија со тренерот Бошко Заборски

„Ова е прв турнир во подготвителниот тренажен процес. Премиер лигата во Истанбул ќе биде многу силна, зашто ќе усчетвуваат 533 натпреварувачи од 47, односно и силните репрезентации од Азија и Африка, како Иран и Египет. Сите светски и европски прваци ќе бидат на турнирот, дури 80 отсто. Ние ќе настапиме без психолошки притисок, а, вооедно ќе се концентрираме и на наредните турнири од Лигата во Кобург-Германија и во Салзбург-Австрија“, вели тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Тој истакнува дека јуниорскиот погон е поштеден од настап на турнирот во Истанбул затоа што наредниот викенд се одржува Државното првентсво, кое е од изборен карактер за Светското јуниорско првенство во Малезија. Место во репрезентацијата ќе бркаата Петар Заборски, Осман Халити, Емануел Ристевски и Орхан Билали.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО