Чифлиганец и Тупурковски се сретнаа со претседателот на светското борење Ненад Лаловиќ!

Cifliganec i Llalovik

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) од претседателот на Обединетото светско борење (ОБС/UWW), Ненад Лаловиќ, побара да се постави на разгледување и одлучување во органите и телата на (ОБС) можноста: да се донираат неколку спортски боречки душеци на ФБСМ; да се помогне Македонија да добие организација на некое големо спортско натпреварување во борење; и да се согледаат можностите за отпишување или репрограмирање на долгот кој ФБСМ го има кон (ОБС) од минатите години, за неплатени членарини. За овие берања е добиена начелна согласност.
Cifliganec i ostanati kaj lalovic

Нашата делгација ја предовдеше претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, заедно со претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и спортскиот директор на ФБСМ, Насе Насев, како и Могамет Ибрагимов и Дејан Андоновски, кои вчера во Белград ја остварија средбатга со претседателот Лаловиќ.
На средбата се разговарало за состојбите во македонското и светско борење, но се разменети и мислења за можните начини за решавање на бројните проблеми кои ги има ФБСМ, особено од финансиски аспект, како и за можностите за унапредување на состојбите.

„Во извонредна пријателска атмосфера челниците на македонскиот спорт со првиот човек на (ОБС) и член на Меѓународниот олимписки комитет, Ненад Лаловиќ, добиле уверување дека тој лично, како и тие, максимално ќе се заложи и ќе направи се што е во негова моќ да му помогне на македонското борење да излезе тешка состојба, за да може да се работи на негово унапредување и издигнување на многу повисоко ниво, кое би било достојно на спортот кој на Македонија со децении наназад и носеше бројни олимписки, светски, европски медали во поединечни натпреварувања. Борењето на Македонија и ги донесе и титулите европски и светски шампион во клупското борење во слободен стил, во деведесеттите години“, истакнуваат од ФБСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО