Каратистите на Милошевски маршал артс освоија 38 медали на Фонсека купот во Чикаго

Каратистите на Милошевски маршал артс (ММА), 26 натпреварувачи, освоиja 38 медали – 8 златни, 12 сребрени и 18 бронзени на Меѓународниот турнир Фонсека куп во САД. На ранг-листата ММА беше 4-та по бројот на медали од вкупно 34 клуба.

Фонсека куп е меѓународен турнир во Чикаго, Илиноис кој е еден од изборните  квалификациони турнири за Државното натпреварување во САД за следната година. Организатор е Џон Фонсека, еден од најтрофејните американски каратисти.

Учествуваа 475 натпреварувачи од 5 земји – САД, Македонија, Колумбија, Венецуела и Јапонија.

„Немам зборови со кои можам да споделам колку сум благодарен на нашиот тим за овој одличен историски резултат. Да се биде во топ 4 клуба од 34 клуба е нешто што за мене сè уште е нереално. Имаше голема конкуренција и големи предизвици, но одличната периодизација, специјалните тренинг програми, мотивацијата и желбата за успех беа на највисоко ниво и резултатот беше неизбежен. Секако, дел од овој успех припаѓа и на родителите кои помогнаа на ова натпреварување во создавањето на тимскиот победнички дух. Мислам дека најважниот дел го даде и нашиот психолог Марија Ризоска, која ги подготви нашите шампиони да го дадат максимумот. Да потсетам дека нашата мисија во ММА е да градиме шампионски карактер и самодоверба и да ја шириме љубовта кон каратето“, вели тренерот Дејан Милошевски за Ипон.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО