Каратистите на „Милошевски  маршал артс“ освоија 17 медали на АУУ Карате во Чикаго

Каратистите на „Милошевски  маршал артс“ на нашиот тренер Дејан Милошевски-Чобачо имаа успешен настап на АУУ (Аматерска спортска унија, во која се застапени речиси сите спортови) карате турнирот во Чикаго дистрикт освојувајќи 17 медали -2 златни, 8 сребрени и 7 бронзени.

Клубот на Милошевски во вкупниот пласман е 14-ти од 29 клуба, на кој настапија околу 300 натпреварувачи.

Радува фактот што тоа се деца на нашинци кои работат и живеат во САД.

„Ова беше прво големо натпреварување  за тимот на ММА. Натпреварот беше одлично организиран, имаше 6 татами и околу 300 натпреварувачи од 29 клубови од околината на Чикаго. Првите медали беа освоени од нашите најмали натпреварувачи 4-5 години кои беа навистина одлични и ова беше нивно прво натпреварување. На тој успех се надоврзаа и нашите постари  натпреварувачи кои го дадоа својот максимум и повеќето се закитија со медали во своите категории. Ме радува фактот што запознавме и други Македонци кои што  учествуваваа на ова натпреварување и со кои  разменивме контакти за идна соработка.

На крајот сакам да се заблагодарам до сите родителите и двете цркви Св. Кирил и Методиј и Св. Петка Параскева за нивната поддршка и за овој голем успех“, изјави Дејан Милошевски за Ипон.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО