Каратистите на Лескаровски редат успеси – три медали на Свис карате лигата

Каратистите на нашиот тренер Борче-Борис Лескаровски редат успеси. На 1.Свис карате лига во Ветинген, Швајцарија, каратистите на Кашивакан (клубот на Лескаровски) освоија 3 медали – 1 златен и 2 бронзени.

Златен медал освои Алина Курти (-54 кг, У-16), со бронзи се закитија Лијах Тило Гома (У-14, борби, жени) и Шахин Шахин (-55 кг, У-18). Рафаел Контрерас освои 4-то место.

Турнирите Свис карате лигата се квалификации за Државното првенство на Швајцарија.

Квалификувани за првенството на Швајцарија се Лукас Мендез, Јохан Патрисио-Клемон, Рафаел Контрерас и Јасин Дабуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО