Канело сериозно се налути на потегот на Лео Меси: Нека се моли на Бога да не го најдам!

Аргентина го победи Мексико со 2-0 на Светското првенство во Катар во саботата. Мечот го одбележа одличното издание на Лионел Меси кој постигна гол и асистираше во триумфот на „гаучосите“.

Аргентинските репрезентативци ја прославија победата на теренот, а продолжија во соблекувалната каде беше снимено видео кое крена голема прашина.

Имено, во еден момент се гледа како Меси го шутира дресот на Мексико, иако се гледа дека најверојатно се обидува да ги соблече копачките.

Но, потегот на Меси сериозно ја налути мексиканската боксерска ѕвезда Канело Алварез.

„Видов дека Меси чистеше под со нашиот дрес и знаме. Нека се моли на Бога да не го најдам. Како што јас ја почитувам Аргентина, тој треба да го почитува Мексико. Не зборувам за Аргентинците воопшто, туку само за таа глупост што ја направи Меси во соблекувалната“, изјави Канело Алварез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN Ringside (@espnringside)

Видеото веднаш се прошири на социјалните мрежи, а многу коментари велат дека Меси тоа го направил несакајќи додека се обидувал да ја соблече копачката.

А во одбрана на аргентинската фудбалска ѕвезда застанаа шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас и поранешниот соиграч на Меси, кој моментално настапува за Комо.

„Не го познавате Меси, а не знаете што се случува во соблекувалната по натпреварот. Сите дресови и опрема што ги носиме завршуваат на подот и потоа се перат. А уште повеќе кога славиме важна победа“, истакна Сеск Фабрегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО