Тајсон Фјури го откри виновникот за пропаднатата „Битката за Британија“

Боксерот Тајсон Фјури во сабота по трет пат го брани на појасот на ВБЦ во тешка категорија.

Кралот на Ромите ќе боксира против сонародникот Дерек Чисора на стадионот на Тотенхем и тоа ќе биде нивни трет дуел.

Фјури се надева дека ќе боксира против Украинецот Александр Усик во борбата за апсолутен светски шампион во тешка категорија на почетокот на следната година.

За време на гостувањето во The MMA Hour, тој објасни зошто сака да ја продолжи кариерата.

„Тоа ми треба, а мислам дека можам да дадам многу повеќе. Ми треба психички, физички и емоционално, уште не сум подготвен да го напуштам“, вели Тајсон Фјури.

Светскиот шампион во бокс в сабота ќе се соочи со Чисора, иако приказната за мечот против Ентони Џошуа трае долго време.

Медиумите ја најавуваа борбата како „Битката на Британија“, но на крајот преговорите пропаднаа.

Фјури го откри виновникот зошто натпреварот не бил договорен.

„Се обидов да се дојдам до борба Џошуа, но глуапкот не сакаше да се бори, не ја знам причината. Можеш да го одведеш коњот до вода, но не можеш да го натераш да пие. И тоа е тоа. Не можеш да го довлечкаш во рингот и да го оставиш да се бори со Џипси Кинг“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Да сакаше, ќе го направеше тоа за 30-40 милиони долари, во Англија, во најголемата борба во британската историја. Стадионот Вембли, Кардиф, имавме се. Но, не, тоа не е за него. Сега сака да се бори со Дилиен Вајт. Не сум сигурен што се случува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО