Канело пронајде противник за мај

По подолгата потрага по противник Сол Алварез (53-1-2, 36 КО) го пронајде противникот за 2-ри мај.

Откако во ноември го нокаутира Сергеј Ковалев и го освои ВБО појасот во полутешка категоирија, Канело ќе се спушти во суперсреднаи категорија и ќе го предизвика непоразениот шампион на ВБО Били Џо Саундерс (29-0, 14 КО).

Мексиканската суперѕвезда ја има секундарната титула на ВБА во оваа категорија.

Сандерс на почетокот беше на во оптек, но 30-годишниот Британец ја одби првичната понуда.

Заедно со него во конкуренција беа Калум Смит, Калеб Плант и Риота Мурата.

Сандерс е поранешен шампион во средна категорија во ВБО. Титулата ја освои против Енди Ли во 2015 година и три пати ја бранеше против Артур Акав, Вили Монро и Дејвид Лемиус. Пред да стане шампион, го победи Крис Јубенк Јуниор.

Празната титула на ВБО во категоријата до 76,2 килограми ја освои минатиот мај, победувајќи го со едногласна одлука на Шефат Исуфи. Прв пат ја одбрани во ноември совладувајќи го со прекин Аргентинецот Марсел Естебан Кокерс во 11-та рунда.

Да додадеме и дека ДАЗН ја повтори желбата Канело да се бори против Генади Головкин по трет пат годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО