Џошуа: Кога ќе го допрете дното, како Фјури, единствено може да одите нагоре

За прв пат, Ентони Џошуа зборуваше подетално за реваншот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури.

ЕЏ ја брани титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО против Кубрат Пулев во јуни, а до крајот на годината се надева дека ќе се бори за неоспорен шампион со победникот на третата борба меѓу ’Бронзениот бомбардер’ и Тајсон Фјури.

Откако првата борба во декември 2018 година заврши без победник со контроверзната одлука на судиите, Фјури во реванш со импресивен учинок го совлада Американецот со прекин во 7-та рунда.

„Фјури е многу талентиран, како и Вајлдер. Дадоа се од себе и еден излезе како победник“, рече Џошуа на подкаст на Lucozade’s Running the Show.

„Вајлдер миеслеше дека борбата може да биде полесна, затоа што Фјури имаше долга пауза, имаше проблеми надвор од рингот и слично“.

„Но, мислам дека Фјури беше ментално на вистинското место. И двајцата беа физички подготвени за борбата, но понекогаш кога ќе го допрете само дно како Фјури, единствено што можете е да одите нагоре“.

„Вие не можете да паднете пониско од тоа. Тој се подигна и само тој знаеше колку високо може да оди. Мислам дека таа вечер беше на врвот и тоа му се исплатеше. Ментално беше во најдобра можна форма и пружи одлична изведба  против опасен удирач“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО