Канело Алварез сака реванш против Дмитри Бивол

Мексиканската боксерска суперѕвезда Канело Алварез на 7 мај загуби од Дмитри Бивол во меч за појасот на ВБА во полутешка категорија.

На тој меч Русинот издоминиранад Канело во дванаесет одлични рунди во кои Алварез имаше проблеми со Бивол.

Неколку месеци подоцна Мексиканецот се врати со победа во третата борба против Генади Головкин.

На тој меч го одбрани шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ВБО во суперсредна категорија.

Но, Канело се уште размислува за реванш против Русинот.

„Повторно би се борел со Бивол на иста тежина и верувам дека можам да го победам. Не е важно што мисли некој за тоа, знам дека можам. Сега само размислувам за тоа. Го почитувам Чавез кој не сака да се борам со Бивол, но на крајот не е важно“, изјави Канело Алварез и додаде:

„Го сакам тој меч. Знам како влегов во таа борба и знам колку можам да направам. Некои работи што ги правев не беа во ред, а ниту тренингот не беше она што го посакував, ја повредив раката. Ми недостигаа рунда-два за да победам. И Бивол не може да даде повеќе од тоа што го покажа, додека јас можам да бидам подобар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО