Кадиров е подготвен да се бори со Александар Емилијаненко

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров е подготвен да се бори против скандалозната руска MМA ѕвезда Александар Емилијаненко. Државникот го предизвика ветеранот, но не прецизираше точно по која регулатива, бокс или ММА.

Кадиров е еден од најголемите љубители на боречките вештини. Тенира редовно. До ден-денес се раскажуваат легенди за тоа како Чеченците го киднапирале Мајк Тајсон.

„Беше мода секој да го предизвикува Саша да се бори. Така, и јас решив да го предизвикам. Го направив тоа со иронија. За мене Емелијаненко е добар борец. Го видов како тренира. Направивме спаринг“, рече Кадиров и додаде: „Му претстојат добри денови. Јас сум во добра форма. Не се сомневам дека ќе победам. Не мислам дека ќе загубам. Ќе разговараме за можен меч со него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО