Дивјакот: Федор е се уште многу опасен, а нашиот меч носи опасност за двајцата

Квинтон Џексон (38-13) во саботната борба со Федор Емелијаненко (38-6-1НЦ) ќе влезе најтежок во кариерата.

Се очекува 41-годишниот Американец, кој е поранешен шампион во лесна категорија на УФЦ, да биде околу 120 килограми за борбата на „Белатор 237 / Ризин“ во „Саитама супер арената“.

„Никогаш не сум сонувал дека ќе се борам со Федор. Кога бевме во Прајд јас не бев тешкаш, но сега сум голем човек. Сега сум тешкаш. Тој очигледно сè уште е тешкаш. Штом дојдов во тешка категорија, знаев дека ќе мора да дојде до наша борба, но не размислував за тоа“, рече „Дивјакот“пред пресметката со легендарниот Русин.

„Федор е многу, многу опасен. Сè уште е многу агресивен. Стиловите ја прават борбата и мислам дека нашиот меч е опасност и за нас“.

„Ќе биде како во старите денови. Навистина ми недостасуваше да се борам во Јапонија и му реков на мојот тренер дека би сакал да ја завршам кариерата таму”.

„Федор е многу, многу добар во партер, а јас и сакам да мислам дека имам добра одбрана против џиу џица и сето тоа, па затоа не ми е грижа каде ќе заврши борбата. Само сакам возбудлива борба“.

Џексон уште не знае кога ќе ја заврши кариерата, иако знае дека тој ден може да дојде многу брзо.

„Човеку, имам 41 година. Секој пат размислувам за тоа кога ќе стапнам на татамито, на секој тренинг. Размислувам само за заминување во пензија”, изјави за ММА џанки.

„Дивјакот“ не се борел од септември 2018 година кога го нокаутира во втората рунда Вандерлеј Силва во нивната четврта пресметка. Федор последен пат настапи во јануари годинава во финалето на Гран при на Белатор, во кое Рајан Бадер го нокаутира за 35 секунди.

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/2183106861984008/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО