Кадетската џудо селекција на Македонија на камп и турнир во Белград (ФОТО)

На покана на Српската џудо Федерација кадетската селекција на Македонија со машка и женска екипа присуствува на дводневен џудо камп во Белград Србија.

Кампот се одржува на 21 и 22 ноември, а наредниот ден нашата селекција ќе учествува на екипното меѓународно натпреварување каде нашата селекција ќе настапи во машка и женска конкуренција.

На кампот и турнирот ќе земат учество екипи од повеќе држави Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Словенија.

Сеишин во рамките на составот на репрезентацијата партиципира со 5 натпреварувачи и тоа: Теодора Димеска, Ема Димитриоска, Марија Талеска, Антонио Талески и Јован Најдоски. Во составот на нашата репрезентација се и: Христијан Ангелески, Валетин Цаневски, Христијан Глигоровски, Фејзула Румејсаи Благица Колева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО