Џошуа: Не станав преку ноќ п..ка, јас сум шампион

Ентони Џошуа ги извршува последните подготовки за враќањето на светската титула во тешка категорија, која ја изгуби од Енди Руиз. Тој на 7 декември во Саудиска Арабија ќе  се обиде да ги врати титулите, кои мексиканскиот боксер му ги презема на 1 јуни годинава, кога беше нокаутиран на големо изненадување на боксерскиот свет. Британскиот боксер сака да му се реваншира на Руиз со голем стил.

„Не станав преку ноќ п..ка. Јас сум шампион. Шампион сум откако по првпат застанав во рингот. Три години подоцна освоив олимписко злато, а титулата ја освоив по само 16 борби. Имам само еден пораз и тоа не значи дека не сум веќе боксер“, изјави Џошуа. 

Џошуа ќе биде голем фаворит во мечот против Руиз, но фаворитската улога ја имаше и во мечот на 1 јуни, но не успеа да ја оправда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО