Јуначка борба на кумите тимот, поединечно незадоволително!

ekipa od BP so huseini i ace

Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година што се одржа викендов во Софија, Бугарија, заврши со успех за македонската репрезентација, бидејќи се врати со 3 златни, 6 сребрени и 17 бронзени медали. По вкупниот број на освоени медали Македонија се најде на петото место. Прва е Турција (15-5-10), втора Србија (7-14-20), трета Босна и Херцеговина (7-4-15) и четврта Хрватска (6-7-10).

site osvojuvaci na medai

Балканското првенство требаше да биде последен филтер за изборот на репрезентативците за Европското првенство во Цирих, Швајцарија, од 6 до 8 февруари 2015 година.

Затоа ги прашавме тренерите на репрезентациите за јуниори до 21 година и за кадети и јуниори во борби дали се задоволни од настапот на кандидатите за репрезентативниот состав за ЕП?

„Јас, како селектор на јуниорите до 21 година во борби, во голбала сум задоволен. Кога зборуваме за индивидуалните настапи, не сум задоволен, бидејќи немавме ниту едно финале, со исклучок на Сара Радичевска (-50 кг), која беше поразена во финалната борба. Очекував финале на двајца до тројца натпреварувачи, но тоа не се случи“, вели тренерот на репрезентацијата Арлинд Хусеини.

sampioni na piedestal

Хусеини истакнува дека конкуренцијата била голема и голем број на натпреварувачи квалитетно се претставиле. Но, грешката се поправила во екипниот настапи, од кој Хусеини е презадоволен, бидејќи настапот и на мажите и на жените бил јуначки.

Тренерот на репрезентацијата на кадетите и јуниорите, Александар Кузмановски, исто така нагласува дека конкуренцијата била голема, посебно кај јуниорите.

„Можам да кажам дека сите освојувачи на медали си го загарантираа местото во репрезенатцијата за Европското првенство за Швајцарија“, потенцираше Кузмановски и додаде дека лично е задоволен од резултатот на натпреварувачите и го смета за голем успех на овој млад состав, притоа нагласувајќи дека е перспективна оваа репрезентација за големи резултати, но и дека е потребно голема работа.

zeni treto na bp

На истата тема Хусеини вели: „Никого нема да издвојам, будејќи се бореа еден за сите и сите за еден, што значи дека сите беа заслужни. Да се победи една Хрватска и големата Србија, не е мала работа.

Дилемите кој ќе патува на ЕП во Швајцарија Хусеини ќе ги расчисти овие денови.

До ЕП ќе работи тимски, без прекин. Ќе се прават и тестови, по што следуваат викенд подготовките. На завршните подготовки, вели Хусеини, најмногу ќе се работи на психичкиот и тактичкиот дел.

Иако Хусеини не сакаше никого да издвојува, Кузмановски го нагласува јуниорскиот состав во борби, кој со 3-0 ја совлада силната Турција во полуфиналето, при што се нашле во центарот на вниманието, за во финалето со Србија вели дека порано почнале да прославуваат. И покрај се, и поради повреда Адил Мехмед не настапи, во рамноправен меч Македонија е поразена со 3-2.

 „Доколку учествува на ЕП јуниорскиот тим, тој ќе биде сериозен проблем за другите репрезентации“, констатираше Кузмановски со доза на двоумење.

treto vo borbi

Тој како фаворит кај јуниорите го издвојува Петар Заборски, а кај кадетите Роберто Ачковски, Вероника Костовска и Емилија Јањиќ.

Од 15 јануари почнуваат подготовките, но претходно ќе се направат мерења за способностите на репрезентативците. Кузмановски вели дека до ЕП ќе се темпира формата и дека нема да биде изненаден ако освоиме медал.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО