Јошитака со „дипломатски“ настап-двајца натпреварувачи пет медали!

246

омерагиќ борба дипломатик

Каратистите на КК Јошитака од Скопје на Меѓународниот турнир „Дипломатик“ во Белград, Србија, во организација на истоимениот клуб, имаа добри резултати. Дарин Омерагиќ во кати индивидуално- 2005 г., А-класа (браон и црни појаси), го освои првото место и Дарин Омерагиќ во кати индивидуално- 2004г. апсолутно ниво, го освои второто место. Дарин Омерагиќ кумите 2005г. -40кг прво место; Дарин Омерагиќ- кумите 2005г. +40кг прво место; Едвин Омерагиќ кумите 2002г. +55кг прво место.

Јошитака дипломатик прогласување

На турнирот учествуваа 450 натпреварувачи од 40-тина клуба од Србија и Македонија!

-Не можам да не бидам задоволен од постигнатото на контролниот турнир пред Државното првенство на Македонија за пионери. Со двајца натпреварувачи Јошитака освои 4 златни и 1 сребрен медал. Ни остануваат уште неколку контролни натпревари во Македонија и надвор од неа, каде што треба да провериме уште неколку натпреварувачи и се надеваме на успешен настап на Државното првенство. Најважно од се е дека традицијата продолжува, – ни изјави шихан Живко Тасевски.

Омерасгиќ на дипломатик

ipon.mk/В.К